Превкусна боранија, која мислам ќе им се допадне и на оние кои не ја обожаваат многу :)
Најнапред месото исечено коцки се пропржува на плитка мрснотија и се додава по малку сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер. Кога ќе промени боја, се додава кромидот, се пропржува на кратко.
Потоа се додава морковот, исто и тој се пропржува на кратко.
Се додава боранијата. Кратко пропржуваме.
Се налева пилешката супа-коцката растворена во врелата вода.
Со полуотворен капак се динста на умерен оган, додека сите состојки омекнат и течноста скоро испари.
Смесата се префрлува во намрсен огноотпорен сад.
Се полева со смесата од млекото, брашното и јацата.(Во длабо сад се раствора брашното со млекото и му се додаваат разматени јајцата.)
Се става да се потпечи во загреана рерна додека убаво порумени, околу 30 мин. на 200 степени.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани