Се сечакаат кромидот, пиперките, доматот и тиквичката на коцки. Морковот се ренда на крупното ренде.
Во тенџере се запржува прво кромидот со пиперките и тиквичката и морковот, потоа се додава доматот и на крај оризот.
Откако малку ќе попржи се се налева вода (околу 3 чаши), се покрива и се вари 10-15на минути.
Потоа се додаваат зачини. Кај мене додадов италијански сув зачин, куркума, малку гарам масала и пимент, мешан сув зачин и малку сол. Бидејќи ја сакав густа, после ова на пониска температура доварив со често мешање.
Послужете со сечкан власец или магдонос одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани