Ова се познати посни стари колачиња од тефтерот на мајка ми.
1. Се меси тестото и се дели на 2 дела. Во едното се става какаото и убаво се размесува. Потоа се делат тестата на пола за да се добијат 2 ролата. Се расукува и се ставаат едно врз друго тестата. Прво се става белото врз него темното тесто и се прави ролат. Се сечи ролатот на тенки парчиња кои се ставаат во плех легнати и се пече на 200 С°- 15 мин.
2. Шербет - 700 гр шеќер и 500 мл вода се зоврива и се трга на страна. Се става исцедениот лимон. Потоа со шербетот се поливаат колачите. Шербетот топол - ладни колачите. Треба да постојат колачите добро да го впијат шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани