Многу брз за подготовка посен десерт, едноставен и многу вкусен.

- Во сад се става маслото, негазираниот сок од портокал
(може да е купечки или пак исцеден од свеж портокал), се меша со жица.
- Се става пецивото и постепено се додава брашното да се впие во течноста.
- Се меси и се додава брашно додека да се добие тесто кое ќе се рассукува убаво.
- Иако тестото изгледа мрсно, така треба да биде.
- Се прави кора половина прст дебела, се вадат форми со калапче или со чаша и се редат во тава намрсена со маргарин.
- Се печат на 200 степени околу 20 минути.
- Се вари шербетот на кој штом почне да врие се става лимонот и поврива 5 минути.
- Се полеваат медаљоните ладни, а шербетот топол, подизладен, тавата се покрива со најлонска фолија.

Колачињата се ровки, но сепак цврсти, па затоа не се попаруваат со жежок шербет, оти може да се распаднат.
Нека не ве буни тоа што изгледа дека количината на шербет е мала, доволна е.
Превртете ги медаљоните од другата страна да го довпијат шербетот.
Колку стојат, толку се поубави.
Наместо со сок, може да се направат и со вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови