Најпрво го подготвуваме шербетот. Се зовриваат водата и шеќерот и се вари на умерен оган уште 5 мин..Се остава да се излади.

Започнуваме со подготовка на тестото.
Го зовриваме маслото, водата и солцата. Па ги додаваме во промешаното брашно со пецивата. Се меша со лажица, па потоа месиме со рака. Тестото ќе биде млако. Го оставаме потполно да се излади.

За тоа време го подготвуваме филот.
Во топла вода го раствораме какаото, шеќерот, ванилата и сето тоа го зовриваме.Потоа ги додаваме оревите и изедначуваме.

Тестото го делиме на 5 дела. Се отвора не многу голема кора, се дели на 8 дела, триаголничиња. На почетокот ставаме малку фил и виткаме.

Печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 30 мин..

Одма ги полеваме со ладниот шербет. Ги вртиме неколку пати за да впијат од шербетот. Откако убаво се наводенале, ги валкаме во кокос.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани