- Исечкајте го маргаринот на помали коцки и оставете го да омекне на собна температура.
- Во сад одмерете го брашното и измешајте со пецивото, додадете ја ванилата, омекнатиот маргарин, маслото и сокот од лимонот. Додадете ја и ренданата кора од лимонот, изрендана на ситната страна од рендето. Замесето го тестото кое треба да е мазно. Замотајте во фолија или покријте го садот во кој е замесено тестото. Оставете во фрижидер да одстои малку за полесно да се рассука.
- Се рассукува кора која се сече на долги еднакви ленти, а потоа на правоаголници. На секој правоаголник ставајте од локумот, замотајте го како ролат, ставете во подмачкана тава за печење. Така со целото тесто. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10 мин, а потоа намалете на 180 степени - нека се печат уште околу 10 мин.
- Колачите додека се топли валкајте ги во шеќерот во кој доколку сакате можете да ставете и плус една ванила... а знам дека е добро кога во шеќерот во прав ке се додаде и од прашкастата смеса за шлаг пена, имаат малку подруг вкус.
Напомена
- Локум на исчените форми од тестото ставате онолку колку ќе ви дозволи самата големина на формата односно правоаголникот - значи ги сечете во од вас сакана големина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани