Ако си имате апарат за крофни, овие крофнички се подготвуваат многу брзо и лесно, само треба да имате желба.

Подготовка
1. Го вклучуваме апаратот за крофнички.
2. Пожелно е најпрво да се промешаат сувите состојки, па да се додадат влажните, ама може и сите состојки да се стават во еден сад и да се соединат со миксер.
3. Смесата ја ставаме во шприц и ја распоредуваме во отворите за крофнички.
4. Го затвораме капакот од апаратот и печеме неколку минути.
5. Ги вадиме крофничките и ги прелеваме со чоколаден прелив.
Постапката ја повторуваме се додека да ни се потроши смесата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани