Состојките за тестото добро се мешаат во еден сад. Јаболката се рендаат и се оставаат на страна (може да се додаде и малку цимет). Оревите се кршат.
Тавчето бр. 26 или 28 го намрсуваме и посипуваме од сувите состојки за тесто, потоа ставаме ред од јаболката, па од кршените ореви, па пак од сувата смеса и се така до крај. Најгоре завшуваме со јаболка и ореви и попрскуваме со масло. Тавчето треба да ни е целосно наполнето.
Го ставаме колачот во загреана рерна на 250 степени и веднаш намалуваме на 150 степени и оставаме да се пече околу 1 час. Кога ќе се излади го посипуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови