1. Од состојките за тестото се замесува меко тесто (квасецот не мора да стасува). Се остава да одмори тестото.
2. Се дели тестото на два дела и во едниот дел се става какаото и убаво се размесува.Се добиваат две теста бело и кафеаво.
3. Се сучи долга кора која се дели на 6дела. Од темното тесто може да се направи исто кора која се сечи на 6 ленти или пак се прават 6 сукалчиња кои се ставаат на секоја лента. Значи една бела долга лента црно сукалче и една две лажици од филот и се прави ролат. Потоа се сечат на ромбови и се печат на 200С-30мин.
4. Кога ќе оладат се преливаат со врел шербет и се оставаат неколку часа да го впијат сокот.

Шербет
Се вари шербетот од кога ќе почне да врие 10мин. Се трга од рингла се додава сокот од лимон и се попаруваат колачите. Се валкаат во кокос или ореви.
Филџан 150мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани