Рецепт за посни ишлери кој се топат во уста...
За подготовка на тестото
Маргаринот се мати со шеќерот, се додаваат лешниците, прашокот за пециво и се замесува тесто.
Од тестото на набрашнета маса развлечете тенка кора и со чаша вадете кругови.
Секое парче ставете го на плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 20 минути.

За филот промешајте го мармаладот заедно со мелените ореви.

Глазурата се приготвува така што на пареа се растопува чоколадото со маслото.
Печени и изладени кругови лепете ги со филот, а потоа прелијте ги со глазура.
Ова е многу брз и вкусен десерт.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови