Измешејте ги сувите состојки во една вангла.

Потоа додадете ја ренданата кора од портокал и маргаринот и измесете со раце тесто.

Тестото развлечете го на работната маса. Дебелината сами одредете си ја, иако немаат пециво во составот, тие малку нараснуваат и имајте предвид дека треба да се лепат по две. Јас сакав да ми се потенки и ги развлеков отприлика на 3 мм дебелина.

Со помала чаша или калапче за колачи со избор на форма која ќе сакате исечете ги формите и наредете ги врз пек-хартија во плех.

Печете на 170С околу 15на мунути, зависно од вашата рерна и внимавајте да не потемнат многу (иако се темни, можи да се препознава).

Печените колачи после 10на минути извадете ги од плехот и оставете ги да оладат, па лепете ги едно со друго премачкани со мармалад по избор (ви препорачувам некој со киселкаст вкус).

Залепените колачиња макајте ги до половина во растопено бело чоколадо, кое ако случајно ви е густо можи да му додадете и лица-две масло во топењето и оставете ги да се исуши чоколадото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови