Прекрасна посна торта која и не наликува дека е посна, доста е сочна, со доволен интензитет на вкусот на таан, со еден збор нешто интересно и несекојдневно.
Подготовка
1. Во сад се ставаат сувите состојки за тестото, се мешаат, потоа се додаваат останатите состојки, се меша сето убаво со жица или со лажица, битно убаво да се изедначи смесата да е хомогена.
2. Се истура во правоаголен плех со хартија за печење (јас печев во Делимано тавата со димензии 34 х 26 см), се печи на 180 степени 25 до 30 минути.
3. Густинот и шеќерот се мешаат, се одвојува дел од вкупната количина вода за да се измеша, остатокот вода се зоврива и се вари како пудинг. Се добива проѕирен пудинг кој мора сосем да се излади.
4. Маргаринот стоен на собна температура се мати со шеќерот во прав и се соединува со изладениот густин. Се мати убаво да нема грутчиња, и на крај се става таанот и се изедначува.
5. На тестото внимателно му се вади хартијата бидејќи е ровко, се сечи по должина, се филува првата кора, се става одозгора второто тесто и со остатокот од филот се премачкува целата торта.
6. Слатката павлака се мати со миксер и со готварски шприц тортата се украсува по желба.
7. Тортата се остава во фрижидер да се излади и стегне, и по 2-3 часа може да се консумира. Имате вкус на торта која наликува како да се јаде таан алва.

Забелешка
- Со оваа количина на шеќер тортата не е многу блага, но може да се додаде ако некој сака да е поблага.
- Користев домашен мармалад од сливи кој мислам дека допринесува за убавиот вкус на тестото кое дури и без фил е доста вкусно.
- Тортата може да биде и во еден слој, едноставно премачкана со филот по целата површина, па така може да се сече на коцки или штангли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани