За корите се мешаат најпрво сувите состојки, па се додават течните. Се миксираат со миксер за убаво да се соединат. Нека отстојат 20-30 мин., со повремени промешувања. Потоа се излева во намрсен и побрашнет плех 32 на 39 цм..
Се пече во загрена рерна околу 25 мин. на 180 степени или до сува чепкалка.
Се прави уште една кора.
Кога ќе подизладат, бидат топли кон млаки, се попрскуваат со газиран сок од портокал.
А, пред филовање се премачкуваат со мармалад од црни сливи.

За филот најнапред се приготвува соиното млеко според упатството на кутијата.
Во 250 мл. од него се раствораат пудинзите, а остатокот се зоврива со шеќерот и ванилата. Па се додава разматениот пудинг и се вари крем.

Кога ќе биде млако се додава маргаринот, кој претходно е изматен заедно со млекото во прав.

Филот се дели на два дела.
Во едниот се содава растопеното и малку подизладено црно чоколадо и 50 гр. мелени лешници, а во другиот растопеното белото чоколадо и исто 50 гр. лешници.

Финална постапка
Кора-кафеав фил-жолт фил-бисквити натопени со газиран сок од портокал-па кафеав фил-жолт фил-кора со мачканиот дел од слаткото оди над филот.
Одозгора се прелива со прелив подготвен од 100 мл. растителна слатка павлака која е загреана до вриење и прелиена врз 100 гр. посно црно чоколадо, претходно растопено над пареа. Се‘ убаво се изедначува и кога малку ќе здивни се прелева врз горната површина на тортата.
Странично се украсува со изматена слатка павлака околу 300-400 мл. е потребно.
Над преливот ставив готова фотографија, по желба на славеникот, бидејќи тортата беше роденденска, за едно слатко детенце Наум...)))))

На здравје сладење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани