Лесен посен десерт кој брзо се прави и брзо се јаде.
Најпрво го подготвуваме карамелот .
Во тавче во кој ќе го правиме колачот, јас користив тава бр 24 мислам може и 26, ставаме 5 лажици шеќер и 3 лажици масло. Промешуваме и ставаме на рингла да се истопи со постојано мешање до светло кафеава боја. Го тргаме на страна и врз карамелот ги редиме праските од компотот, а потоа оставаме да се излади.
Мене ми беа доволно праски од една тегла.
Го подготвуваме тестото за тоа време.
Во длабок сад ставаме 250 мл сок од компот, 50 гр шеќер, 7 лаж масло, 1 ванила,  сок од лимон и мешаме со лажица додека да се истопи шеќерот. Во брашното ја додаваме содата и се заедно додаваме во течноста. Мешаме додека да се соединат состојките.
Оваа смеса ја распоредуваме врз праските и ставаме во претходно загреена рерна на 200 степени околу 25 минути.
Кога е испечена извадете ја од рерна оставете да се излади малку околу 7-8 минути додека е се' уште топла со нож поминете ги страните и потоа превртете врз чинија со благо удирање врз дното на тавата за да излезе колачот.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови