Состојките за тестото ставете ги во вангла и измешајте ги.
Земете помала тепсија, ставете на дното хартија, а одоколу премачкајте ја со маргарин.
Турете ја смесата и печете на 200 степени, (проверете со чепкалка, а ако има потреба во текот на печењето покријте со фолија да не загори одозгора)
Тестото пресечете го на два дела.
Претходно, за филот, ставете ја на оган водата, шеќерот и алвата, се додека не се растопи алвата и убаво да се спои.
Во врелата смеса ставете ги оревите и оставете ја смесата да се излади. Кога ќе биде ладна изматете ја со маргаринот.
За премазот, стопете го чоколадото заедно со маргаринот.
Ставете го едниот дел од тортата на тацна, премачкајте го со половината од чоколадото, малку да се стегни па ставете половина од филот.
Одозгора другиот дел од тортата, чоколадо па фил.
Нема потреба да ја премачкувате, убава е и вака. Ставете ја во фрижидер, а пред служење извадете ја барем час-два.
Уживајте со шоља убаво кафе. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови