Подготовка
1. Сите состојки заедно се ставаат заедно на огин да се растопат
2. Не ја оставаме да врие смесата, ја тргаме од огин и ја оставаме малку да се подизлади околу 5-10 мин
3. Секој лист обланда се премачкува со смесата и се лепат една врз друга одребрастиот дел на обландата
....ако не можам да најдам мало паковање од обландата, често пати се служам со голема, притоа делејќи ја на половина, па остатокот го користам за друго или пак ја дуплирам дозата...
4. Обландата се остава да се излади неколку часа а потоа се сече по желба - на коцки или ромбоиди и се декорира по желба (јас декорирав со неколку коцки растопено бело чоколадо)
....Бидејќи смесата е многу течна кога се премачкуваат обландите, малку е тешко да се подели еднакво смесата на 5 дела бидејќи се 5 листови од обландата, па затоа (како што се гледа на сликите правев дупла доза и различни форми сечев) , па најгорната обланда на едната доза ми е целосно премачкана, а другата ми е половично, распоредиајќи го ситно со лажичка она што ми остана на крајот,шарајќи и играјќи си со смесата да изгледа барем декоративно)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани