Не ја љубиме баш боранијата во нашата исхрана, особено затоа што тие ретки пати сме ја конзумирале како чорба, но овој пат зафати сосема други димензии и бидејќи уживав во јадењето решив да ја споделам исто како мене за некој кој не ја сакал, но би посакал да и даде шанса. Да нагласам само дека периодов леб не јадам и дека со уживање ручав од ова јадење без леб. Така всушност и дојде идејата за спремање и импровизирање за нечорбеста боранија која се зготви многу брзо и лесно.

Јас користев замрзната исчистена боранија. Ако е свежа, се чисти мие и сечи на половина или повеќе по желба.
Морковите, празот и пиперките се сечкаат на потенки кругови.
Прокељот се чисти, мие и се сечка на половинки или четвртинки во зависност од големината.

По правило состојките треба да се додаваат редоследно, но како јас користев замрзната боранија решив сите да ги ставам одеднаш да се пржат на многу малку маслиново масло во нелеплива вок тава и со тоа би нагласила дека сите убави и успешно се запржија. Се пржат додека убаво не омекнат, а јас сакам кога и малку ќе се подзапечат.

Потоа се додава пиперот, па се налева вода, зачините и сол. Откако половина вода ќе испари на пониска температура, се додава доматната паста и се доварува до посакуваната густина.

Вода можи и да додадете ако е потребно, а зачини да користите по желба. Јас ги наведов тие кои ги употребив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани