Овој куглоф го направив по повод славата/именденот на мојот татко Панде (Пантелејмон) кој се погоди во посен ден. Брзо се прави, а е превкусен.

Подготовка
Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и само измешајте го да се раствори, не треба да се активира.
Потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Намрсете ја дланката со 1 лажица масло и замесете го кратко тестото.
Префрлете го тестото во калапот претходно намрсен со маргарин, убаво распоредете го, одозгора нанесете растопен маргарин и оставете го на топло место да нарасне да го дуплира волуменот.
Откако ќе нарасне, ставете го да се пече на 180 степени половина час.
Извадете го и покријте го со крпа, а по 10тина минути извадете го од калапот.

Прекрасен додаток кон главното јадење, а и самостојно да го јадите е превкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови