- Одмерените овесни снегулки ставете ги во сад, доадете го маслото, измешајте и ставете на страна. Тостирајте ги кикириките во тава на рингла (ова заради вкусот) и исецкајте ги крупно.
- Со вилушка испасирајте ги бананите, урмите искостете ги и нив со вилушка испасирајте, додадете кај бананите. Доколку се многу суви урмите, ставете ги во вода да омекнат, потоа исцедете и пасирајте. Додадете ги кај овесните снегулки, зачинете со циметот и ванилата, сецканите кикирики и измешајте. Ќе добете една убава за работа компактна смеса. Ставете ја смесата во тавче помало може да биде 20х30, тавчете постелете го со хартија за печење која сосема малку ќе ја премачкате со масло за да после лесно се одлепи колачот. Убаво со шпатула израмнете ја смесата, одозгора посипете и малку налегнете ги овесните снегулки, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени. Се пече околу 30-35 мин да биде одозгора тврда на допир.
- Извадете, оставете малку да олади, заедно со хартијата за печење извадете од тавата, исечете го колачот во форма и големина која ја сакате вие. Кај мене 8х4см.
Напомена
- Оригиналниот рецепт е со кокосово масло, но јас го немав и ставив сончогледово, а можете исто така да стопите маргарин и со него да работите.

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани