Овој колач јас го направив со вкус на банана, но може да се направи и по ваш избор и вкус. Доколку не е посен може да ставите во филот и еурокрем или чоколадо и така е многу убав.

Најпрво го правиме филот бидејки треба да се олади

Од 1 литар вода вадиме 150мл и во еден сад ги промешуваме со 12 лажици гриз и го ставаме садот на страна.
Преостанатите 850мл вода ги налеваме во еден сад на оган и го додаваме и шеќерот, оставаме да зоврие.

Откако ќе зоврие го додаваме гризот и мешаме непрекинато до згустување.

Готовиот фил го оставаме убаво да се олади, а за тоа време ја правиме кората.

Во еден сад ги ставаме прво сувите состојки кокосот,гризот,шеќерот и пецивото а потоа ја додаваме и водата и убаво промешуваме до соенидување на состојките.

Земаме едно тавче 20х30 го премачкуваме со масло и го наросуваме со брашно, па во него ја ставаме смесата ја израмнуваме и ја печиме на 200 С околу 45 минути (во зависност од тоа како ви печи шпоретот).

Додека се печи кората го приготвуваме преливот

Во еден сад на оган налеваме 300мл вода,2-3 лажици шеќер и една ванила. Oткако ќе зоврие вариме 5-10 минути (за течноста малку да се згусти).

Откако ќе се испечи кората ја прелеваме со готовиот сируп (предходно малку оладен)

Во еден сад ги матиме маргаринот заедно со шеќерот во прав и откако филот е убаво оладен ги додаваме и растопеното бело чоколадо и сечканите банани и промешуваме до соединување.

Филот го мачкаме врз кората, а врз филот ставаме растопено црно чоколадо.

Готовиот колач го ставаме во фрижидер да се олади и стегне.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови