Многу убав колач од грав. Ако прашувате има ли вкус на грав, ќе ви кажам дека нема, можете слободно да го направите нема ни да се сети дека е направен од грав.
Гравот сварете го и изблендирајте го.
Во еден сад ставете ги сувите состојки овесни снегулки, пециво, цимет и шеќер.
Во гравот додасете мед и едно рендано јаболко. Другото јаболко исечете го на коцки, додадете го во гравот. И мелените ореви додадете ги. Сувите состојки истурете ги во гравот и измешајте.
Тепсијата постелете ја со хартија за печење и истурете од тестото.
Печете во загреана рерна на 180 степени 40 минути.

Чоколадото за готвење стопете го во едно мало тенџере додајте 2 лаживи зејтин.
Колачот прелијте го со стопено чоколадо и посипете одозгора со мелени ореви, оставете во фрижидер да одстои малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани