Вкусен, иако посен.Топла препорака за кексов.

Во водата се додаваат сите состојки, редоследно како што се наведени и убаво се‘ се меша, да се соедини.
Се остава да отстои 1 час. За тоа време 2 пати го промешав.
Се излева во тркалезен намрсен и побрашнет калап, бр.28 или 30.
Се печи во загреана рерна на 180 35-40 мин., т.е. до сува чепкалка.
Се остава да излади, па се сечи.

За шербетот се зовриваат водата, шеќерот, сокот од портокалот и се оставаат на умерен оган 2-3 мин. да поварат. Се остава малку да олади и со топол шербет се полева кексот.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани