Најпрво се приготвува филот. Се сецка празот и сувите пиперки и се запржуваат на малку масло. Кога ќе омекнат се додава црвениот пипер и се трга од рингла. Се остава убаво да излади.

Квасецот се раствора во топлата вода, само колку да се раствори, не да стасува. Се додаваат сите состојки, од кои на крај брашносто и се замесува глатко тесто.

Тестото се дели на 2 дела. Секој дел се сучи во кора, која се засекувана 5 дела не до крај, а во средината да остани како незасечен круг. Се премачкува со омекнат маргарин и накрсно се преклипуваат засечените делови.

Вака приготвеното тесто се остава завиткано во најлон во фрижидер додека се работи другото на истиот начин.

Се вади првото тесто од фрижидер, а во меѓувреме второто се остава во фрижидерот. Се расукува во правоаголна кора малку поголема од плехот од шпоретот и се распоредува во него кој претходно сме го намастиле, а краевите се оставаат да висат.

Се става изладениот фил и врз него второто тесто кое оди во рамките на плехот и се набори на површината.
Се виткаат страниците да се затвори зелникот во витки и одозгора се ставаат парчиња маргарин.

Се печи на 200С 20на минути, зависно од рерната, т.е. да порумени одозгора.

Готовиот зелник се попрскува со малку вода низ раце и се покрива со чиста пацета.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани