1. Прво се приготвува кората. Газираниот сок од портокал заедно со цедениот ги ставаме во сад за матење, а потоа внатре ги додаваме шеќерите.
2. Го додаваме и маслото и мешаме убаво додека да се истопат шеќерите.
3. Потоа додаваме брашно, ореви, ѓумбир, сода и пециво и убаво мешаме со жица за матење за да ја соединиме смесата, а да не останат грутчиња низ истата.
4. Готовата смеса ја ставаме во намрсена тава за печење бр. 36. и печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
5. Откако ќе се испече, кората се остава да се излади.
6. Потоа го готвиме кремот.
7. 800 мл. од сокот ставаме на оган да зоврие, а во 200 мл. ги раствораме пудинзите заедно со ѓумбирот и портокал шеќерот.
8. Вариме густ пудинг, додавајќи ја смесата од пудинзи во сокот кој врие.
9. Оставаме добро да се излади прекриен со растеглива фолија.
10. Маргаринот (омекнат) го матиме пенесто со шеќер во прав.
11. Целата таа смеса ја соединуваме со изладениот пудинг. Додаваме 100 гр. рендано чоколадо.
12. Кората се дели на 3 дела по хоризонтала, се дели и филот на три еднакви дела, па тортата се филува – кора, крем, кора, крем, кора, крем и целата се премачкува со фил.
13. По желба може да се наренда одозгора чоколадо, или да се глазира, за таа цел 100 гр. чоколадо се топи со 5 лажици масло, па се прелива преку површината на тортата.
14. Готовата торта ја оставаме на ладно за убаво да се впие до наредниот ден за да се сече убаво и да си создаде сочност. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови