Едноставен, но многу вкусен начин да се искористат варените јајца, кој брзо се приготвува и нема некои посебни додатоци, бидејќи самите состојки си ги содржат. Секако, според вкусот на конзументите можи да се додава и плус лимон или киселина ако не е доволно од самата туршија зеленчук. Кога сме кај него јас користев ситно сечкана Бугарска салата која содржи карфиол, краставички, пиперка, морков и зелка, што автоматски самата таа ми го збогатува вусот. Кој сака помасно, ако не е доволен мајонезот можи да искористи и дел од маслото од туната (јас го цедев).

Подготовка
 Варените јајца се сечат на половинки по должина и им се вадат жолчките кои се пасираат и се мешаат со туната и останатите состојки.
Јајцата се полнат со приготвениот фил и одозгора врз секое јајце ставаме по една половинка маслинка и ливче нане или магдонос.
Фил секако ќе остани малку, па искористете го така што ќе го нанесите на парче леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани