Меки како душичка, а плус тоа ништо нема фира од првото месено тесто.
Во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Нека се активира, па се додаваат маслото, јајцето, солта.
Се меша убаво, па се додава брашното и пахуљиците.
Треба да добиеме нелепливо тесто.
Го покриваме и го оставаме 20 минути да кисни.
Потоа на работната маса сучиме кора, со дебелина од 6-7 мм, и со помош на алатка ( мојот поклон од Теофанија) вадиме полумесечинки.
Ги редиме во тава намастена тенко со путер.
Ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме лененео семе и ги печиме во загреана рерна на 200 с околу 20 минути.
Сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани