Изрендајте ги тиквичките, посолете и оставете ги да се исцедат добро.
За тоа време сварете ги компирите, па излупете и испасирајте ги.
Измешајте ги со ренданите тиквички и додадјте ги сирењето и кашкавалот претходно изрендани.
Додајте го јајцето, измешајте, па презлата и зачините.
Оставете ја смесата околу половина час во фрижидер, па потоа правете топчиња кои ќе ги валкате во презла па ќе ги обвиткате во панцета.
*Внимавајте на солењето, бидејќи и панцетата е солена.

Ставете ги во тава и печете ги во рерна на 180С околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови