Прво ги вариме излупените компири во солена вода. Кога се варени, компирите се пасираат. Кон нив се додава запржената, исечена на ситно печеница, изренданиот кашкавал, исецканиот магдонос и зачините по вкус. Смесата ја ставаме на пек-хартија обликувајќи правоаголна кора со дебелина од 2 сантиметри. Ставаме во фрижедер потполно да олади и да се стегне.
Откако е добро стегната се сече на форми (јас сечев триаголници), коi ги валаме во брашно, па во разматено јајце и пак во брашно. Полпетите ги пржиме во загреан зејтин од двете страни.
За сосот мешаме се заедно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови