Морковот го рендаме.
Брокулата ја ставаме во процесор и ја ситниме.
Во еден сад ги ставаме јајацата, солта и биберот.
Соединуваме со вилушка.
Додаваме морков, брокула, пециво,брашно, сирење.
Соединуваме убаво.
На неколку капки масло, земаме од смесата со лажица и пржиме полпети на умерен оган, да заруменат од двете страни.
Ги редиме на хартиени салфети, па ги сервираме и послужуваме.

Забелешка: прво ставете едно јајце, ако е сува смесата ддоаете уште едно јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани