Овој омлет е за двајца. Може да биде за појадок, а може и како ручек како кај мене кога спијат децата до 12 саатот.
Полнеж за омлетот 
1. Најпрво се сечкаат пиперките и се пржат на масло со сол за да омекнат. Потоа се додава сечканиот домат и заедно се пржат. Кога ќе омекнат се додава лукчето, биберот, црвената пипер и буковската пипер.
2. Се матат јајцата со вилушка. Се посолуваат се додава бибер, магданос, малку сол и се пржат на тавче.
3. Се полни омлетот со полнежот од пиперки и домати се сервира и декорира со маслинки, сирење и домат. На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани