Крапот исчистен, измиен, насолен од надвор и од внатре и намрсен со масло.

Морковите ги сечкаме на кругови и ги пропржуваме во масло додека не омекнат.
Компирите ги лупиме, ги сечкаме на коцки. Во тенџере со вода ги проваруваме малку, да повријат две-три минути. Црните сливи ги залеваме со млака вода и ги оставаме да омекнат. Ова е потребно затоа што рибата многу брзо се спрема и може да се случи компирчињата и морковчињата да останат живи. Ако пак долго ја печеме за да се зготват и тие, тогаш ќе ни изгори рибата.

Во поголем сад ги промешуваме компирите, морковите, сливите, ги сечкаме чешнињата лук, магдоносот, посолуваме и зачинуваме со зачин и со црн пипер.

Со дел од смесата ја полниме утробата на крапот. Остатокот од “филот“ го распоредуваме околу него и додаваме масло. Одозгора крапот го засекуваме на неколку места и во засеците ставаме кришки лимон.

Така наполнет го ставаме во загреана рерна на 200 степени. Печеме 40 до 50 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови