- Сирењето изгмечето го, додадете ги зачините, ситно исечкан да биде и доматот.
- Бадемите по можност лупени на тавче потпечете ги заради поинтензивна арома.
- Исечете ги урмите на половина, но не до крај, само да се отворат. Извадте ги семките.На местото на семките ставете од сирењето, втиснете по еден бадем.
- Наполнетите урми замотајте ги во сланина, прицврстете со чепкалка.
- На тавче послано со алу-фолија или хартија за печење наредете ги урмите, ставете да се потпечат во веќе загреана рерна на 200 степени. Внимавајте додека се печат бидејки временски зависи од самата рерна... нека се испечат од двете страни.
- Извадет од рерната и или веднаш извадете ги да не стојат во маснотијата од сланината или навалете го тавчете да се мрснината стече на спротивниот крај од тавчето.
- Сервријате со салата, со сирење, со некои крекери.. зинтересен вкус, нам многу ни се допаѓаат.
Напомена
- Наместо бадеми можете да ставите и орев одлично одговара. Домат сув иако имав заборавив да ставам. Зачинките прилагодете според ваш вкус. Наместо зачинето сирење - слободно ставете Горгонзола, а може и засебно само да ги полните со по два бадема, да нема сирење, а потоа замотајте во сланина. Одлични се....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани