Тиквичките се мијат и се сечат на половинки.
Се длабат и се вади средишниот дел.
Се редат во тава и се полеваат со масло.
Во тавата се додава вода и се ставаат во рерна 15 минути.
(вода ставете околу една чаша, да не гори тавата додека се потпекуваат тиквиците )
После 15 минути,тавата ја вадиме од рерна и ги полниме тиквичките со фил.
Филот се подготвува на следниот начин:
Во сецко се става средишниот дел кој го извадивме од тиквицата.Зачинуваме.
Додаваме зелена пиперка и блендираме.
Во блендираната смеса,додаваме копар и пасирано сирење помешано со јајце.
Откако ќе ги наполниме тиквињата тавата пак ја враќаме во рерна и оставаме да се вцрвенат.
Вадиме од рерна и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови