Се замесува тесто од сите состојки се става во подлабок сад, се покрива со најлонска фолија и се остава во фрижидер до сабајле.
Во текот на ноќта квасецот полека ќе се активира поради ладното и до сабајлето имате готово тесто и екстра брз појадок.
На побрашнета маса се расукува кора се ренда маргаринот, се реди шунката и кашкавалот. Се наросуваат семињата претходно врз маргаринот да се спојат со тестото. Се рола кората и се сечат парчиња по вкус.
Се оставаат 30 минути да стасат, се премачкуваат со растопен маргарин, се наросуваат со сусам и лен и се печат околу 30минути на 200степени. Вкусни,мекички и пријатен доручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани