Ова е идеја како да се искористат велигденските јајца.
Млекото стоплете го, додадете во него квасец, замесете тесто со брашното,  јајцето и  квасецот.
Оставете да нарасне.
Варените јајца издробете ги, младото кромидче ситно исечкајте го, измешајте со јајцата, посолете додадете мешан сув зачин и црн пипер.
Тестото поделете го на топчиња. Секое топче разсукајте го, ставете на средина фил и направете кругчиња. Оставете малку да нараснат. Пржете во зовриен зејтин.
Многу се убави пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани