Посен рецепт за полнети пиперки кој може ќе му се најде на некој што пости.

Во тава со масло ставете го сецканиот кромид, лук и ренданиот морков.
Пржете додека омекне зеленчукот.
Додајте го оризот, просото и соја трошките (претходно накиснати со топла вода и убаво исцедени).
Пржете околу 2 минути.
Додајте го сецканиот магдонос и црвениот пипер.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер.
Измешајте и тргнете од оган.

Со смесата полнете ги пиперките.
Секоја пиперка затворете ја со компир исечен на кругови.
Наредете ги пиперките во касерола.

Во тавата во која сте ја спремале смесата за полнење налејте вода и оставете да зоврие.
Со оваа вода прелејте ги пиперките во касеролата.
Затворете со капак и варете на среден оган 25-30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани