За оние кои обожаваат и не обожаваат печурки.

Печурките се чистат така што прво им се отстрануваат дршките и со лажица се издлабуваат.
Потоа се попрскуваат со маслиново масло и сол од двете страни и се ставаат да се печат околу 5 мин во рерна.
Моцарелата и лебните трошки се комбинираат во поголем сад. Сланината се сече на тенки парчиња и се пропржува а потоа се додава во садот со останатите состојки.
Од тавата за печење се отстранува течноста од печурките и над секоја од нив се додава од комбинираната смеса.
Полнетите печурки се ставаат во рерна и се печат околу 15 мин на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови