Излупете го и исечкајте го цвеклото на парчиња, малку посолете го и оставете да зоврие и да вари околу 5 минути, па исклучете рингла. Ставете вода само толку да е доволно да можи да ги покрие јајцата.

Варените јајца, се уште топли излупете ги и ставете ги во водата со зовриено цвекло. Додадете ја киселината и оставете ги со повремено промешување и проверување околу половина час да се обојат. Всушност, посакуваниот интензитет на бојата го доловува и времето. Доколку ви се погоди цвекло со помал интензитет на обоеност, како моево во случајот кое беше бледо црвено, а ретко се среќава, тогаш откако ќе ги ставите јајцата во водата со цвекло додадете и црно вино. Комбинацијата од цвекло и вино со киселината на јајцата им дава одличен вкус покрај изгледот, па виното можи по желба да се употреби независно од јачината на боја на цвеклото или пак да се изостави.

Откако ќе се обојат јајцата, се вадат и кога ќе изладат се сечат на половина по должина, па им се вади внимателно жолчката. Жолчките се пасираат и се машаат со мајонезот, сенфот и павлаката. Сол и бибер се додава по вкус. Со оваа смеса се полнат вдлабнатините на јајцата, се украсуваат по желба и се послужуваат врз сечкани перја од млад кромид, кој ќе им служи како подлога (зелена трева) на као наводно избоени велигденски јајца. Освен што е вкусно за јадењее и одлична велигденска декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани