Класичен македонски ручек со претрпена мала модификација. Полнетите пиперки со сирење најчесто се прават во во прави зелени пиперки и тоа во овој период кога се најкревки, но јас зачекав помали бабури и намерно ги одбрав такви за ваквиот полнеж. Сирењето го има во поголемите маркети, го ставив и на фото дополнително.

Урдата, кремот од 4 вида сирења и јајцето убаво се мешаат со вилушка, па им се додава магдоносот ситно сечкан и сол спрема вкусот на конзументите.

Пиперките се чистат од рачките и семките и се полнат со смесата.

Одозгора се затвораат со парче домат.

Се редат во тепсивче, па се налева водата и врз нив се попрскува со масло.

Се печат на 200С 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови