Измешајте го квасецот, шеќерот, млекото и малку брашно и оставете го настрана петнаесетина минути.
Во него ставете ја водата, јајцата, солта, маслото и додавајќи брашно измесете го. Тестото може да биде и малку лепливо, нема потреба од повеќе брашно.
Прекријте го и оставете го да се дуплира.
Поделете го на 4 дела, секој дел малку расучете го, премачкајте го со маргарин и наредете ги сите дела еден врз друг. Најгорниот дел не го мачкајте.
Најпрво со раце притиснете го, убаво да се спојат сите дела од тестото, а потоа исучете го во кора со дебелина колку ден прст.
Исечете го на квадрати и над секој ставете од филот. Формирајте топче.
Наредете ги во подмачкана тава и оставете ги да скиснат.
Пред печење премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам.
Печете на 200 степени, се додека убаво не заруменат, отприлика половина час...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови