Вкусно и декоративно предјадење ви презентирам денес.

Прво на измиените домати им го одстрануваме делот кај дршката, односно рамно го сечиме.
Со помош на алатка или лажиче им ја одстрануваме срцевината.
На чиста кујнска крпа ги редиме со пресечениот дел надолу, односно да се исцеди вишокот на течност што ја содржат доматите.
Во еден сад ги соединуваме урдата, маслото, солта, биберот, сусамот и киселата павлака,
Со оваа смеса убаво го полниме секој домат.
Во еден мал сад ставаме чурек, и секое доматче по малку го декорираме со него.
Завршуваме со ливчиња магдонос.
Ги сервираме доматите во друштво со неколку вида убаво сирење, кашкавал... и секако добар аператив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани