Исчистете ги пиперките од рачките и семките и пресечете ги на половина. Тие ќе ни бидат подлога, а редење на зеленчукот и сирењата.

Модриот патлиџан и тиквичката исечете ги на ленти надолжно. Секоја лента со четче премачкајте ја со масло и посолете ја, па потоа испржете/испечете ги на грил тава.

Доматот исечкајте го на мали коцкички.

Врз половинките пиперки прво редиме модар патлиџан, па дробено фета сирење, секан домат на коцки, па тиквичка и одозгора парче моцарела.

Бидејќи сирењето е солено, а тиквичката и патлиџанот претходно солени ги запековме, сол можи да додадете само ако сакате посолено инаку нема потреба. Одозгора наросете со оригано.

Сето ова наредено во нелеплива тава се потпекува во загреана рерна на 200С околу 15на минути.

*Тавата нема потреба од намастување.
** Јас користев мали бабури, така да и полнењето со количините одеше спрема нивната длабина. Супер испадна дека мали, баш како залачиња. Сакав да кажам дека количините на состојките по желба можи да варираат спрема желбите на конзументите, но изборот на крај испадна ТОП комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани