1. Тесто – Во 150 мл топла вода го ставаме квасецот и шеќерот, промешуваме, оставаме да се активира. Во вангличе го ставаме околу 500 гр брашно, солта, маслото и јајцата, замесуваме тесто додавајќи го активираниот квасец. Треба да добиеме средно тесто, по потреба додаваме топла вода, јас додадов уште околу 100 мл . тестото го оставаме да нарасне. За тоа време го правиме филот.
2. Фил- празот го чистиме и ситно го сецкаме. Шампињоните ги миеме и сецкаме. Во тавче на оган ставаме масло, го пржиме празот, го додаваме сецканиот лук. Откако ќе порумени ги додаваме шампињоните и пржиме. Ги додаваме солта, црниот бибер и павлаката. Оставаме да се згусни филот и го тргаме на страна.
3. Нараснатото тесто го делиме на топчиња, јас го поделив на 13 . Путерот го растопуваме. Секое топче го размесуваме со сукало во правоаголна форма, премачкуваме со растопен путер. На крајот од подолгата страна ставме фил, јас ставав по 3 лажици. Виткаме ролат, а потоа тестото го виткаме како полжавче. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Оставаме да нараснат малку. Ги премачкуваме со разматено јајце и наросуваме сусам.
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани