Брзи погачки, готови за 20 мин.
Чашата е од 240 мл.
- Во садот во кој ќе ја приготвувате смесата најпрво ставете го киселото млеко и пецивото и размешајте. Додадете ги јајцата и со жица или миксер лесно разматете да се спојат јајцата со киселото млеко и да добете хомогена смеса. Додадете го маслото, размешајте.
Потоа во два наврата ставете го брашното во кое сте веќе ставиле солта, размешајте, потоа додадете го сирењето и магдоносот и повторно размешајте.
- На плех послан со хартија за печење кој не го подмачкувате со лажица ставајте од смесата на одредена оддалеченост и веднаш ставате во претходно загреана рерна на 180 степени да се печат околу 20 мин.
- Извадете ги погачките, малку нека оладат и уживајте во брзо приготвениот доручек или закуска.

Совет
- Бидејки во смесата има масло, не е потребно да ставата дополнително масло на плехот. Јас ги печев во плехот од самата рерна, излегоа 14 погачки поголемки. Ако црпев само по една лажица од смесата ценев дека нема да ги собере во еден плех, па за да го избегнам двојното печење ги направив малку поголемки што пак и мислам дека се идеална големина. Во самиот рецепт вели дека се печат 15 минути но тоа зависи од самата рерна, јас ги печев 20 мин, со тоа што последните 5 мин, ги печев вклучувајки го и вентилаторот.
- Вие знате дека сте ставиле пченично брашно, но тој што ќе ги проба ке мисли дека се со пченкарно брашно - превкусни се. Кај мене кој проба ќе изреагираше велејки:
 - Ова со пченкарно брашно, убави погачките....
Се приготвуваа само 5 минутки... остатокот е печењето, пребрза подготовка.
Рецептот е позајмен од Бон Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови