Едноставни погачици кои се вкусни и брзо се подготвуваат.
Прво во еден сад го ставаме фета сирењето и маргаринот. Јас употребив маргарин за мачкање, што во својот состав има путер. Со вилушка се мешаат сирењето и маргаринот.
Заедно се мешаат пецивото и брашното и низ сито ги додаваме кон сирењето и маргаринот. Прво мешаме со вилушка, а потоа ја домесуваме смесата и со раце. Го замотуваме тестото во најлонска фолија и го ставаме во фрижидер.
После 1 час расукуваме кора со дебелина од 1 сантиметар и сечеме форми по желба. Ги редиме погачиците во неподмачкан плех, ги премачкуваме со жолчка и поросуваме со ким.

Се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат, а тоа е отприлика после 15 минути.
Тестото во фрижидер може да стои и 2 дена и после тоа да се прават погачиците. Напоменав дека јас овој пат користев маргарин за мачкање со додаден путер во него,ама тестото беше помеко и потешко се сечеше, значи најдобро ви е да користите обичен маргарин или путер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови