1. Млекото го загреваме, во него го додаваме квасецот, шеќерот и 1 лажица од белото брашно. Мешаме да нема грутчиња и го оставаме да стаса.
2. Сирењето го рендаме, а шунката ја сецкаме.
3. Во длабок сад ставаме по половина од двата вида на брашно, додаваме сол, квасецот, млаката вода, маслото, сирењето и шунката. Го замесуваме тестото и постепено ја додаваме и другата половина од двете брашна. Месиме додека тестото не ни се одвои од прстите. Доколку е потребно додаваме уште малку брашно
4. Тестото го оставаме да нарасне.
5. Од тестото развлекуваме кора со дебелина од 1 цм. Со шолја илу округла модла вадиме погачици.
6. Погачиците ги премачкуваме со разматена белка и посипуваме сусам врз нив.
7. Ги редиме на плех обложен со хартија и печиме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани