1. Во подлабоко вангличе се става просеаното брашно, се прави дупка на средина, се дроби квасецот и се додаваат останатите состојки според редоследот, заклучно со маслото.
2. Се измесува убаво и по потреба се додава уште малку брашно да не лепи, но тестото да е меко. Се остава да кисни 20 минути.
3. Потоа тестото се размесува малку и се дели на 4 дела. Секој дел со оклагија се размесува како правоаголник, се мачка со маргарин/путер, се ренда сирење или се става кашкавал, се витка во ролат и се сечи на парчиња со ширина 5-6 см.
4. Парчињата се редат во голем плех од шпорет обложен со мрсна хартија. Штом се обработат сите 4 дела тесто, се пушта рерната на 200 степени, а за тоа време погачиците киснат.
5. Се премачкуваат со жолчката, се наросуваат со сусам, афион и лен. Штом се загрее рерната, се печат 25-30 минути.

Погачиците можат да се прават со фил по желба, сирење и јајце, кашкавал и салама, или друго по вкус, секако ќе бидат меки, вкусни и неодоливи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани