Толку малку состојки, а прекрасен краен ефект.
Меки како душа солени погачици.
Во топлото млеко го ставаме шеќерот, квасецот и малку брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Кога е готов во вангличката го додаваме маслото, солта, и постепено од брашното.
Месиме.Ќе добиеме прекрасно не лепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да одмори 15 минути.
Сега од тестото расукуваме кора.
Со мала алатка или чашка вадиме округли форми.
Половина од нив ги редиме во плех.Ги премачкуваме со изматено јајце.
На останатите половина кругови со помала чашка или алатка вадиме венци.
Нив ги ставаме врз целите кругови.
Во еден сад ги соединуваме сирењето, јајцето и некој зачин по сопствен вкус.
Во средината на секоја погачица ставаме по едно полно лажиче фил.
Декорираме со зелена маслинка со црвено пиперче.
Ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме сусам и ги оставаме да киснат 15 минути.
Потоа ги печиме во загреана релна на 190 с околу 20-25 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани