Превкусни меки погачици...
Прво во сад се ставаат сите суви сосотојки и се промешуваат. Се додаваат течните сосотојки и убаво се меси мазно тесто. Тестото се остава да скисне.
Скиснатото тесто пак го месиме и земаме дел од кој сучиме кора дебела околу еден прст. Вадиме форми со чаша и ги ставаме во плех обложен со хартија за печење.
Со четка погачиците ги мачкаме со белка, па рендаме путер и кашкавал.
Погачиците ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути односно додека почнат да се зацрвуваат.
Оставаме да оладат и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови