Од ова тесто обично правам кифлички, но истото може да се употреби и за погача со мали измени.

Подготовка
Растворете го квасецот во млекото, додадете шеќер и брашно и оставете да се активира.
Потоа постепено додадете јајце, масло, сол и брашно. Можеби ќе треба повеќе од 500 г брашно, тестото ќе покаже, на крајот треба да биде меко, но не и лепливо. Добро измесете и оставете да се одмори 30 минути.
Развлечете голема кора и премачкајте ја со омекнат путер. Потоа преклопете го 5-6 пати и ставете го во фрижидер 15 мин.
Потоа пак развлечете голема кора, посипете изварка и превиткајте ја во голема ролна. Исечете ги ролните во парчиња и поставете ги во длабока тркалезна тепсија премачкана со путер.
Нека се крева погачата убаво околу 1 час. Премачкајте ја со жолчка и посипете ја со сусам. Ставете неколку парчиња путер одозгора.
Се пече во загреана рерна на 200 степени првите 20 минути, а потоа се редуцира температурата на рерната на 180 и се пече додека убаво не се испечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови